fbpx

Nissan подготвува мотор со 50 проценти ефикасност

Nissan не сака да се откаже од моторите на внатрешно согорување и потврди дека може да направи бензински мотор со термална ефикасност од 50 проценти

Поголемиот дел од горивото кој се наоѓа во резервоарот се троши залудно. На пример, само 20-тина литри од полниот резервоар, кој во просек во D сегментот има капацитет од 60 литри, се согорува со цел да го придвижува возилото и тоа во идеални услови. Остатокот од горивото се однесува на топлотната загуба. Повеќето нови продукциски бензински мотори имаат термална ефикасност од околу 40 проценти. Тоа значи дека само 40 проценти од енергијата креирана кога горивото согорува овозможува движење на возилото.

Во 2017 година, Mercedes-AMG Formula 1 тимот истакна дека нивниот тркачки мотор успеал да го достигне незамисливото и речиси невозможното, а тоа е 50 проценти термална ефикасност. Но, Nissan тврди дека има технологија која е потребна за да отвори нови хоризонти за термалните мотори, а притоа да ја зголеми ефикасноста на потрошувачката за 25 проценти.

Тука не станува збор за обичен мотор. Наместо тоа, моторот кој е развиен од Nissan е дел од нивниот иновативен хибриден систем и се користи за да ја напојува батеријата која ги придвижува тркалата. Со цел да дојде до бројката од 50 проценти, моторот на Nissan може да го подигне соодносот на компресија, односно со помала смеса на гориво и воздух успева да го максимизира користењето на енергијата.

За време на тестирањата, системот успеа да дојде до 46 проценти термална ефикасност, додека останатите четири проценти се добиени користејќи неодредени „технологии за рекуперација на потрошената топлина“. Овој нов мотор е дел од e-Power погонот на Nissan и наскоро треба да се најде во производство.

„Најновиот пристап на Nissan во развојот на мотори го подигна нивото на највисоки светски стандарди, забрзувајќи крај актуелниот просек во автомобилската индустрија од 40 проценти термална ефикасност, со што се овозможува уште повеќе да се намали CO2 емисијата кај автомобилите“, изјави јапонскиот производител.

Поврзани вести

Back to top button