fbpx

Премиера на целосно новиот Nissan Qashqai

Nissan го претстави целосно новиот Qashqai, третата генерација на најдобро продаваниот кросовер во Европа кој сега пристигнува со неколку новини

Најновата генерација на Nissan Qashqai официјално дебитира, а најпродаваниот кросовер во Европа сега пристигнува со нови електрифицирани погони и нова стилска насока за јапонскиот производител. Кросоверот пристигнува со еден помускулест и поостар дизајн на екстериерот, а на предниот дел се наоѓа и V-Motion решетката, како и тенките LED Matrix фарови со нови „бумеранг“ дневни светла.

Атлетската става на новиот Qashqai е нагласена од истакнатата линија која се протега долж целото возило, а за прв пат во историјата на моделот, Nissan ќе понуди опција и со 20-инчни тркала од лесна легура. Новиот Nissan Qashqai е нешто поголем во однос на својот претходник, со тоа што должината е поголема за 32 милиметри, повисок е за 25 милиметри, додека меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 милиметри. Купувачите можат да изберат меѓу 11 бои и пет двобојни комбинации.

Nissan Qashqai

Нов, уште попрактичен ентериер

Едно од најголемите унапредувања се наоѓаат во ентериерот, каде што новата генерација на Qashqai има за цел да постави нов стандард во сегментот за „премиум чувство, карактеристичен дизајн и нагласена користливост“. Nissan e горд на својот висококвалитетен селектор на брзини и тактилни копчиња, а исто така унапредена е и технологијата во возилото.

Nissan Qashqai

Инстурменталниот кластер сега е дигитален со висока резолуција, а големината е 12,3 инчи во дијаметар и нуди поголем избор на конфигурациски изглед, прикажувајќи информации од навигација, инфозабава и друго, а сите се контролираат со новите тактилни команди на управувачот. Освен тоа, тука е и новиот 10,8-инчен head-up екран, кој е најголем во сегментот.

Nissan Qashqai

Новиот инфозабавен систем работи преку 9-инчниот екран на допир со висока резолуција и се карактеризира со NissanConnect услуги, Android Auto и бежичен Apple CarPlay. Вграденa e и Wi-Fi конективност за најмногу седум уреди, како и USB приклучоците за полнење на уредите на задниот дел.

Поголемиот „отпечаток“ на новиот Nissan Qashqai, кој е првиот модел на јапонскиот производител во Европа кој ја користи CMF-C платформата на Алијансата, носи и големи практични придобивки – багажникот сега е поголем за 50 литри, благодарение на подот во багажникот кој сега е 20 милиметри понизок, што е директна последица на унапредената задна суспензија. Задните врати сега се отвораат до агол од 90 степени, со што пристапот до задните седишта сега е многу полесен.

Nissan Qashqai

Исклучиво хибриден погон

Nissan веќе најави дека новата генерација на Qashqai ќе биде достапна со целосно електрифициран опсег на мотори, кој вклучува два благи хибриди, како и иновативниот e-Power самополнечки фул-хибрид погон на компанијата.

Опсегот започнува со благиот хибриден систем на 1,3-литарскиот DiG-T турбо четирицилиндерска единица. Благохибридниот погон е достапен со две нивоа на моќност – 138 и 156 КС, кои доаѓаат во комбинација со шестстепен мануелен или Xtronic CVT автоматски менувач. Погонот на сите четири тркала е достапен, но само со помоќната варијанта и CVT менувачот.

e-Power е иновативен самополнечки хибрид

Новиот e-Power погон е различен од останатите самополнечки хибридни погони на пазарот со оглед на тоа дека го користи конвенционалиот мотор исклучиво како генератор за електрична енергија и не е поврзан со тркалата. Системот комбинира 1,5-литарски бензински мотор со варијабилна компресија со моќност од 154 КС и електромотор од 187 КС, генератор на моќност и инвертер, а конечната моќност е 187 КС.

Nissan Qashqai

Резултатот е кросовер со возачки карактеристики на целосно електрично возило, со оглед на тоа дека електромоторот е оној кој ги придвижува тркалата. Nissan e-Power системот го стартува моторот на внатрешно согорување само кога неопходно, секогаш користејќи го во оптимален опсег за „супериорна потрошувачка и пониски CO2 емисии“.

Освен тоа, чисто електричното возење на e-Power варијантите нудат инстантна реакција со „чувство на висок максимален вртежен момент“, како и подобро забрзување во однос на традиционалните хибриди, а притоа го задржува моторот на ниски вртежи. Nissan e-Pedal карактеристиката исто така е присутна, овозможувајќи му на Nissan e-Power да се контролира само со педалата за гас, како кај Leaf.

Целосно новиот Nissan Qashqai исто така се карактеризира со најновата верзија на ProPilot возачките асистенции на компанијата. Системот, сега наречен ProPILOT со Navi-link е достапен само на моделите опремени со Xtronic и може да го забрза автомобилот до брзина на крстарење со поставување на брзината и може да го запре возилото до 0 км/ч при големи гужви во сообраќај. Доколку возилото стои во место помалку од три секунди, а метежот пред возилото почне да се движи, системот е способен да тргне автоматски.

Nissan Qashqai

Унапреденииот ProPilot систем сега може да комуницира со радарите поставени на слепите точки со цел да помогне во интервенција со управувањето, да ги чита сообраќајните знаци и да користи информации од навигацискиот систем со цел да ја адаптира соодветно брзината на возилото.

Поврзани вести

Back to top button