fbpx

Nissan со нов видео тизер за Ariya пред премиерата на 15 јули

Јапонскиот производител Nissan продолжува со објавувањето на тизери во пресрет на премиерата на електричниот кросовер Ariya

Nissan Ariya електричниот кросовер ќе ја доживее својата премиера на 15 јули, а за прв пат беше прикажан кон крајот на минатата година во вид на концепт. Јапонската компанија изминатите денови сподели неколку информации и тизери во пресрет на премиерата, а сега пристигнува нов видео тизер кој открива нешто повеќе во однос на претходните.

Во свет во кој продукциските возила воопшто не наликуваат на концептните автомобили кои служат како нивна најава, Nissan Ariya сепак би требало да го задржи дизајнот во голема мера со оној на концептот. Од друга страна, самиот тизер нагласува дека моделот кој е прикажан во видеото е претпродукциски модел и дека вистинската продукциска верзија би можела да се разликува. Во секој случај, Ariya ќе добие изглед сличен на концептот, но сепак се очекуваат некои суптилни промени.

Кога Ariya ќе пристигне на пазарот, ќе се нуди со единечен и двоен електромотор со автономија на движење од 483 километри. Nissan ќе го произведува во Точиги фабриката која веќе е пренаменета во погон за електрични возила.

Премиерата на автомобилот, како што веќе рековме, ќе се случи на 15 јули, а моделот најпрво ќе пристигне во Јапонија, по што ќе следуваат останатите пазари.

Поврзани вести

Back to top button