НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Нов Aston Martin DB5 од Goldfinger за 2,75 милиони фунти

Aston Martin објави дека заедно со EON Productions, компанијата одговорна за серијалот James Bond, ќе ја оживеат иконата, моделот DB5 од филмот Goldfinger.

Лимитираната серија од 25 парчиња од моделот DB5 ќе вклучува изведби, кои ќе бидат реплика на легендарниот автомобил на Џејмс Бонд од 1964 година, а секој еден од нив ќе добие функционални елементи од шпиунско возило, вклучувајќи и ротирачки регистарски број. Сите изведби ќе бидат само во една боја – Silver Birch, како што е оригиналот.

По првичната појава во Goldfinger, Aston Martin DB5 се појавува уште во шест филмови за Џејмс Бонд. Thunderball (1965), GoldenEye (1995), Tomorrow Never Dies (1997), Casino Royale (2006), Skyfall (2012) и Spectre ( 2015).

DB5 Goldfinger ќе чини 2,75 милиони фунти, а првите испораки на клиенти ќе бидат реализирани во текот на 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close