fbpx

Новата C-Класа во салонот на Mercedes

Новата генерација на Mercedes C-Класа ја доживеа својата премиера пред неколку месеци, а еден од најпопуларните модели на германскиот производител сега пристигна и во нашата земја

Mercedes C-Класа e еден од најдоминантните модели во својата класа, а благодарение на воведувањето на A и B класи, C-Класата станува еден повисок сегмент во понудата, но и понатаму е еден од столбовите на стратегијата на германскиот производител.

Новата генерација ја доживеа својата премиера кон крајот на февруари оваа година, а сега овој модел е присутен и на македонскиот пазар. Новото издание на C-Класа пристигнува со неколку забележителни промени, како што се новите димензии, додека шестцилиндерските и V8 мотори заминуваат во историјата, а за прв пат досега, C-Класата пристигнува со електрифициран четирицилиндерски погон.

Новата C-Класа нуди поголема пространост во кабината, бидејќи е проширена за 22 мм во предниот и 15 мм во задниот дел, додека надворешната ширина на возилото е зголемена за 1 цм. Висината на просторот за глава, во задниот дел исто така е зголемен за 13 мм. Благодарение на зголемување на просторот за колена за 35 мм, во задниот дел сега нуди навистина исклучителна удобност. Сите овие промени на димензии на новата верзија на C-Класа е благодарение на зголемување на вкупната должина на возилото за 6,5 см и сега изнесува 4,75 метри, како и зголемување на меѓуоскиното растојание за 2,5 см во однос на претходниот модел.

Mercedes не штедеше ниту во изработката на ентериерот, каде што се користени нови материјали од највисок квалитет. Покрај стандардниот 9,5-инчен екран, купувачите можат да се одлучат за оној со големина од 11,9 инчи опремен со новата генерација на MBUX системот, додека инструменталниот кластер варира од 10,25 до 12,3 инчи, зависно од преференците на купувачот.

Нови погони

Благодарение на комбинацијата на издолжена хауба и краток преден испуст на возилото, како и долго меѓуоскино растојание и задниот испуст, новата C-Класа добива динамични пропорции. Благодарение на комбинацијата на издолжена хауба и краток преден испуст на возилото, како и долго меѓуоскино растојание и задниот испуст, новата C-Класа се одликува со еден поинаков и поспортски изглед.

Новата генерација на Mercedes C-Класа, сите мотори се опремени со дополнителен електромотор, со моќност од 22 КС, сите бензински и дизел мотори се четирицилиндерски и сите модели, стандардно се опремени со технолошки напредниот 9-степен автоматски менувач. Освен тоа, достапна ќе биде и хибридна верзија на погонот, со електромотор од 129 КС и батерија чиј капацитет овозможува движење само на струја до 100 километри. Исто така, новина е опцијата управувана задна оска, со чија помош е намален радиусот на вртење на возилото.

На македонскиот пазар ќе бидат понудени пет варијанти на новата C-Класа, а тоа се моделите C 180, C 200, C 200 4Matic, C 300 и C 300 4Matic. За повеќе информации посетете го продажниот салон на Мак Ауто Стар или официјалниот сајт на Mercedes во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button