Новата Corsa е најаеро-ефикасното супермини на пазарот

Шестата генерација на Opel Corsa е најаеродинамичниот автомобил во својот сегмент, со коефициент од 0,29

Благодарение на коефициентот на аеродинамичност од 0,29 и преден дел од само 2,13 квадратни метри, значително помало од неговиот претходник, новата Corsa успева да ја намали потрошувачката на гориво и емисиите на нови рекордни нивоа.

Дизајнерите и инженерите на Opel ја постигнаа оваа ниска аеродинамична конфигурација со прифаќање на холистички пристап. Така, подвозјето кај делот под моторот се до задната оска е покриено со рамна облога за подобрување на протокот на воздухот под автомобилот.

Друг аеродинамичен елемент е спојлерот на покривот кој го подобрува протокот на воздух и ја намалува турбуленцијата што предизвикува влечење. Тој исто така ја прави и новата Corsa постабилна при движење по права линија со поголеми брзини.

Corsa

Уште еден новитет кој свој придонес има кон аеродинамичноста на Corsa, е и решетката со активна бленда. Таа го намалува влечењето и ја подобрува горивната ефикасност со автоматско затворање на предниот отвор кога воздухот за ладење е најмалку потребен. Кога отворот е затворен, протокот на воздухот е пренасочен околу предниот и страничниот дел на возилото, наместо низ моторниот простор.

Одлуката за отворање или затворање на решетката се донесува автоматски, во зависност од температурата и брзината на течноста за ладење на моторот. На пример, кога автомобилот се движи по нагорнини или во навистина топли услови, решетката е отворена, а кога е потребно помалку ладење, таа се затвора.

Opel ја тестираше аеродинамичноста на својот популарен градски автомобил во ветерниот тунел на универзитетот во Штутгарт, во Институтот за истражување на автомобилско инженерство и моторни погони.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close