fbpx

Drive Recorder на BMW со функција на црна кутија

BMW во своите најнови модели ја нуди опцијата Drive Recorder која ги зачувува снимките од вградените камери непосредно пред и по евентуалниот судир

Со забрзаниот напредок на технологијата во автомобилите, производителите нудат се повеќе функции кои се достапни преку мултимедијалните системи. Така BMW нешто порано годинава во рамките на најновиот iDrive 7.0 мултимедијален систем им овозможи на сопствениците на моделите на Серија 3, Серија 7, Серија 8, како и SUV возилата X5 и X7 да ја користат опцијата Drive Recorder.

Функцијата Drive Recorder е базирана на веќе постоечките камери во овие возила кои го снимаат просторот од 360 степени околу автомобилот, а служи за снимките од тие камери по потреба да се зачуваат и, во случај на сообраќајна несреќа, подоцна да се користат за разјаснување на причините за несреќата.

Во BMW автомобилите оваа опција е дел од Parking Assist Plus пакетот и овозможува автоматско чување на видео снимки со траење од 40 секунди – 20 секунди пред и 20 секунди по несреќата.

Системот може да се подеси и рачно, преку iDrive менито, така што по желба можат да се снимаат интересни предели низ кои се вози или, на пример, возење на тркачка патека, доколку сопственикот се одлучи да ги испроба своите вештини зад управувачот за време на „туристичките денови“ кога тоа им е дозволено на аматерите.

Снимката подоцна може да се префрли на екстерна USB меморија.

BMW инаку не е првиот производител кој ја овозможува оваа опција, со оглед на тоа дека Tesla понуди слична функција уште пред неколку години.

Поврзани вести

Back to top button