fbpx

Новата Opel Astra пристигна во Македонија

Новата генерација на бестселерот на Opel, моделот Astra, пристигна и на македонскиот пазар каде ја доживеа својата промоција

Во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на германскиот производител, а станува збор за новата Opel Astra! На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост.

Продукт менаџерот за Opel, Драган Јовев изјави:

„Сосема новата Astra….Зборува сама за себе. Дизајнирана, развиена и произведена во Германија.
Новата Astra изгледа сега подобро (можеби и одлично) со чист и смел дизајн… со интересен детал од својот славен предок Opel Kadett D.“

Од Opel ги нагласија и сите елементи/новитети кај овој модел кои го прават возењето уште подобро:

– Со новата Astra се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXEL предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар… дури 4 пати повеќе од ривалите.

– Во новата Astra се дише подобро со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси.

– Новата Astra, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro.

– Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта (подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)… масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта.

– Hовата генерација на Astra се вози дефинитивно подобро благодарение на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групацијата – турбо бензинскиот 1.2 со 110 КС и 1.2 со 130 КС, вториот покрај 6 степен мануелен впарен и со 8-степен автоматски менувач. Потоа и дизел варијантата 1.5 со 130КС и АТ8. Покрај ова, новата Astra е дополнително достапна со plug-in хибридна технологија и вкупна моќност од 180 КС или 225 КС, а од 2023 година ќе пристигне и целосно електричната варијанта.

Opel Astra

Новата Opel Astra ќе биде со почетна цена од 21.700 еур.

Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата Astra ву дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто. Нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија.

Повеќе информации за моделот можат да се добијат на официјалниот сајт на Opel во Македонија, како и во продажниот салон на Еуроимпекс или дилерската мрежа на Аутомакедонија и АутоЦЕМ.

Поврзани вести

Back to top button