fbpx

Новата Opel Corsa ја освои AUTOBEST 2020 титулата

Новата Opel Corsа се закити со престижната награда „Best Buy“ на AUTOBEST 2020, со што малиот бестселер покажува дека граби со големи чекори напред

Новата Opel Corsa е изгласана за AUTOBEST 2020, европското признание за Best Buy Car of Europe односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Со вкупно 17.617 поени, новата Corsa го освои првото место за само 157 поени пред новата генерација на Peugeot 208. Škoda Kamiq се најде на третото место со вкупно 16.848 поени, само 612 поени помалку од новиот 208. Во вкупното рангирање следат Renault Clio и Nissan Juke.

Со 31 застапена земја, AUTOBEST е најголемото независно автомобилско жири во Европа чии членови претставуваат повеќе од 95% од европската популација, а ова година новинарите од 31 земја го избраа новитетот на Opel како победник и со тоа го означија како автомобил кој нуди најмногу за вложените пари.

И со моделот Corsa-e, Opel нуди електричен автомобил за секого, кој ги комбинира практичните квалитети на Corsa со возење без емисија на штетни гасови и домет на струја до 337 километри. Во исто врeме, so наградата за новата Corsa, Opel комплетира хет-трик на AUTOBEST 2020, со оглед на тоа дека ниту еден друг модел не бил именуван за „Best Buy car of Europe“ во три последователни генерации.

Освен наградата „Best Buy“, беа доделени награди и во други категории, па така членовите на жирито ја избраа Mazda Skyactiv-X за добитник на Technobest 2019 наградата, Škoda се закити со Smartbest 2019 наградата за личниот асистент Laura, кој е контролиран со гласовни команди, а е достапен во Kamiq и Scala, додека Volkswagen ID.3 ја освои наградата за Ecobest 2019.

Оваа година Final 5 тестовите се одржаа на познатата F1 патека Istanbul City Park и околните патишта. Тоа беше најсложениот и најрелевантен пакет тестови досега направени во историјата на AUTOBEST.

 

Поврзани вести

Back to top button