fbpx

Новата Opel Corsa претставена во Македонија

Најновата, шеста генерација на популарната Opel Corsa синоќа го имаше своето деби и промоција пред македонската јавност

Промоцијата се одржа во City Hall Center, а новата Corsa ги освои симпатиите на присутните. Популарниот автомобил на Opel кој се наоѓа на пазарот целу 37 години, во својата досегашна историја е продаден во 14 милиони примероци, а најновата Corsa доаѓа со технологии и системи за асистенција кои ги има само во автомобилите од највисоката класа.

Со матрикс IntelliLux LED светла, како и можност за одлична поврзаност и забава со новиот опсег на инфозабавен систем, ја прават новата Corsa уште понеодолива за купувачите. Opel со новиот модел нуди и целосно електрична варијанта, која на почеток нема да биде достапна на нашиот пазар, односно ќе се нуди само во бензинска и дизел варијанта.

Opel Corsa

Затоа, воопшто не зачудува фактот што новата Corsa се закити и со AutoBest титулата за Best Buy Car of Europe за 2020 година.

Новата Corsa достапна со дизел и бензински мотор

„Со нетрпение го чекавме моментот кога новата Corsa ќе пристигне пазарот во нашиот регион и сигурен сум дека ќе бидете воодушевени. За прв пат во својот мал бестселер, Opel нуди технологии и системи за асистенција што клиентите обично ги знаат само од возилата од повисоката класа. Главната атракција се матрикс IntelliLux LED® светлата без отсјај, но има и системи за асистенција од врвно ниво, како и одлична поврзаност и забава со новиот опсег на инфозабавни системи. Оваа година е специјална и за Opel по тоа што воведува и целосно електрична Corsa, но засега нејзините варијанти со бензин и со дизел ќе бидат достапни на регионалниот пазар“, изјави Александар Мешков, претставникот на компанијата Opel кој се обрати пред публиката.

Opel Corsa

Атрактивниот и модерен дизајн на шестата генерација Opel Corsa навистина изгледа прекрасно како и презентерот Емилија Розман, која го претстави возилото. Новата Corsa пристигнува со 1,2-литарски атмосферски бензински мотор кој развива 75 КС, а во понудата се и две верзии на 1,2-литарски турбо-бензинец сo 100 и 130 КС. Основниот мотор пристигнува со 5-степен мануелен менувач, а достапни се и 6-степен мануелен и 8-степен автоматски менувач.

Почетната цена на Opel Corsa на домашниот пазар изнесува 12.920 евра.

Поврзани вести

Back to top button