fbpx

Нови цени на горивата, дизелот поевтинува, а бензините поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на дизелот и бензините во земјава

Согласно својата методологија за утврдување на малопродажните цени на горивата во Македонија, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која вржи зголемување на цените во просек за 0,09 проценти во однос на последната одлука.

Ова значи дека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за денар и половина, додека цената на дизелот се намалува за еден денар.

Со други зборови, од ноќеска на полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 92 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 94 денари, додека Еуродизел ќе се продава за 86 денари за секој литар наточено гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,33 проценти, додека кај дизелот има намалување за 1,84 проценти.

Поврзани вести

Back to top button