fbpx

Нови цени од РКЕ, бензините поскапуваат, дизелот без промена

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја

Во согласност со својата методологија за утврдување на цените, Регулаторната комисија ја донесе најновата одлука за цените на горивата на нашиот пазар, а според истата, бензините поскапуваат, додека малопродажната цена на дизелот останува непроменета. Тоа доведува до просечно зголемување за 0,58 проценти во однос на претходната одлука.

Спореднајновата одлуката на РКЕ, од вечерва на полноќ кога ќе стапи на сила новата одлука за цената, бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар, додека Еуросупер БС-95 ќе поскапи за половина денар по литар. Од друга страна, цената на Еуродизелот останува непроменета.

Со други зборови ова значи дека во следните седум дена Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 88,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 91 денар по литар гориво, додека пак за секој литар наточен Еуродизелот и понатаму ќе плаќаме по 90 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,14 проценти, а кај дизелот за 2,090 проценти.

Поврзани вести

Back to top button