НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Нови фотки од претстојниот Seat Leon

Четвртата генерација на компактниот предводник на шпанскиот бренд со активно зимско тестирање пред официјалната премиера закажана за крајот на оваа година

Тековниот Leon беше еден од првите автомобили кои се базираат на MQB платформата на Volkswagen групацијата, чија употреба изминативе години драстично порасна и сега е дел од широк спектар на модели, од субкомпактните како Ibiza, до средните како Tarraco. Производителот работи активно на новата генерација на оваа платформа, која ќе ја користат престојните Volkswagen Golf, Audi A3 и Seat Leon.

Од шпионските фотографии не може да се забележи многу околу дизајнот на новиот Leon, со оглед на силната камуфлажа. Сепак, трудот и не е баш така голем во пределот на предните фарови кои се целосно изложени и со својот остар дизајн навистина потсетуваат на оние кај тековната генерација.

Seat Leon

Нешто што не претставува големо изненадување е суптилната еволуција на надворешниот дизајн на веќе остриот компактен хечбек. Со стилски линии кои наликуваат на новиот Golf, копнежот да се види новиот Seat Leon во „голо“ издание е уште поголем.

Она што исто така може да се забележи е покриеноста на просторот за издувни цевки во задниот браник, што нè тера да веруваме дека тие всушност се лажни, а вистинскиот издув се крие под браникот. Големите фелни облечени во тенки гуми укажуваат дека се работи за спортска верзија, при што ниското подесување на суспензијата исто така упатува кон поагилна верзија на компактниот хечбек.

Иако не можеме да ѕирнеме во внатрешноста, Seat вети технолошка револуција со екрани кои ги заменуваат повеќето конвенционални копчиња. Додека сме кај технолошката тема, достапна ќе биде и plug-in хибридна верзија, која ќе се вклучи кон линијата Leon малку подоцна.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close