fbpx

Новиот електричен Fiat 500 пристигна

Новиот и целосно електричен Fiat 500 пристигна во продажниот салон на Аутомобиле СК во Скопје, а станува збор за кабрио изведба на моделот

Новата изведба на култниот Fiat 500 пристигнува исклучиво како електричен модел, а откако ја доживеа својата светска премиера, сега пристигна и во Македонија. Првиот, и засега единствен примерок кој се наоѓа во нашата земја е кабрио верзијата на малиот електричен градски автомобил.

Во однос на традиционалниот Fiat 500, новиот 500e се разликува кога станува збор за дизајнот на екстериерот, иако препознатливиот и безвременски облик е задржан. Сепак, поради потребите за електрификацијата, модификациите на каросеријата беа неопходни, па поради тоа моделот е шест сантиметри подолга од конвенционалниот модел, а меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 милиметри. Кога станува збор за изгледот, забележлива е промената на предните светлосни групи, а истото е забележливо и на задната страна.

Fiat 500

Обновен е и екстериерот, каде што сега се наоѓа 10,25-инчниот екран на допир од инфозабавниот систем, заедно со новата графика на дигиталниот инструмент кластер. За разлика од конвенционалните модели, тука го нема карактеристичниот рачен менувач, а со самото тоа чувството на пространост, и покрај тоа што станува збор за кабрио модел, секако е поголемо. Управувачот исто така е доби нов изглед со рестилизацијата, како и целата контролна табла и централна конзола.

Fiat 500

Продажбата започнува следната година

Конкретниот примерок кој е пристигнат во продажниот салон на Fiat во Скопје како што наведовме е кабрио изведба, а ќе се користи за потребите на компанијата, додека продажбата ќе започне во текот на следната година. Инаку, моделот е опремен со системот за брзо полнење од 85 kW со што полнењето на батеријата се изведува за мошне кратко време. Опсегот на движење е 320 километри според WLTP циклусот благодарение на литиум-јонската батерија со капацитет од 42 kWh.

Новиот Fiat 500 е опремен со напредни системи за асистенција на возачот кои го прават возењето полесно, побезбедно, поедноставно и уште позабавно, а освен тоа електричниот автомобил е прв во својот сегмент што е опремен со автономно возење на ниво 2.

Понудата на тековниот модел Fiat 500 на домашниот пазар со бензински мотор 1.2 69 КС и хибриден мотор од 70 KC оваа пролет ќе биде на располагање, освежена со пет нови пакети на опрема, нови бои и нов ентериер.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Fiat во Македонија или продажниот салон на Аутомобиле СК.

Поврзани вести

Back to top button