fbpx

Новиот Kia Cee’d сега е без камуфлажа

Корејскиот производител KIA интезивно ги спроведува тестовите на новата генерација на еден од најпопуларните модели- Cee'd

Фотографии на прототипови со камуфлажа видовме многу досега, но сега се објавени и такви од страна на Motograph, без никаква маска. Засега недостасуваат информации за возилото, чија премиера ќе се одржи најверојатно на автосалонот во Женева. Се очекува новиот Kia Cee’d да биде опремен со три и четирицилиндерски турбо бензински и дизел мотори.

Cee'd

Основната верзија ќе добие 1.0- литарски мотор од 120 КС. Потоа доаѓа 1.4- литарски 140 КС и 1.6 CRDi со 136 КС. Менувачите се механички со 6 степени и 7- брзински роботски DCT. Според гласините, по смената на генерациите од палетата ќе отпадне хечбекот со 3 врати Рro Cee’d, а неговото место ќе го заземе нов лифтбек, изграден во стилот на концептниот модел Рro Cee’d, кој Корејците го покажаа за време на автосалонот во Франкфурт оваа есен.

Поврзани вести

Back to top button