fbpx

Викенд тарифа: Новиот Mustang Mach-E 1400 во рацете Кен Блок

Беше прашање на време кога Кен Блок ќе се најде зад управувачот на новиот тркачки прототип Ford Mustang Mach-E 1400

Ford Mustang Mach-E 1400 е прототип направен како демонстратор и автомобил за тестирање, а возилото е заеднички проект на Ford Performance и RTR Vehicles, кој исто така помогна при креирањето на прославениот Mustang Hoonicorn на Кен Блок.

Овој електричен тркачки прототип има дури седум електромотори, од кои три се на предната осовина, а четири на задната, со што заедничката моќност која ја испорачуваат е 1.400 КС. Кен Блок доби шанса да го погледне овој Ford Mustang Mach-E 1400 одблиску, а сето тоа резултираше со вообичаењето горење на гуми.

Инаку, иако е електричен, Mustаng Mаch-Е 1400 е далеку од тивок автомобил кој испушта високи звуци за кои е потребно време да се навикнете.

Поврзани вести

Back to top button