fbpx

Новиот Nissan Qashqai пристигна во Македонија

По премиерата претходно оваа година, целосно новиот Qashqai пристигна на македонскиот пазар и е изложен во продажниот салон на Nissan

Кон почетокот на оваа година Nissan ја претстави целосно новата генерација на Qashqai, а сега новата итерација на најпродаваниот кросовер во Европа пристигна и во Македонија. Новиот Qashqai се одликува со новиот дизајнерски јазик на Nissan, а новина се и обновените електрифицирани погони.

Поостриот и мускулест дизјан на екстериерот веднаш паѓа во очи, а особено се истакнува предниот дел со V-Motion решетката околу која се наоѓаат тенките LED Matrix фарови со новите дневни светла во форма на бумеранг. Атлетската става на кросоверот е дополнета со тоа што за првпат Nissan ќе го понуди моделот и со 20-инчни тркала, а во однос на претходната генерација, новиот Qashqai e поголем во секој поглед, па така должината е 32 милиметри подолга, повисок е 25 милиметри, а меѓуосовинското растојание е продолжено за 20 милиметри.

Ентериерот е драстично променет во однос на претходно, носејќи едно поголемо, премиум чувство, а се истакнува и висококвалитетниот селектор на брзини и тактилни копчиња, заедно со унапредената технологија во возилото. Пред возачот се наоѓа голем 12,3-инчен инструментален кластер со висока резолуција, а како опција се нуди и 10,8-инчниот head-up екран кој е најголем во сегментот. Инфозабавниот систем функционира преку 9-инчниот екран на допир кој пристигнува со NissanConnect услуги.

Nissan Qashqai

Nissan Qashqai е првиот модел на јапонскиот производител во Европа кој ја користи новата CMF-C платформа, а тоа резултира и со 50 литри поголем багажник, заедно со унапредената задна суспензија. Задните врати се отвораат под агол од 90 степени, со што пристапот е драстично олеснет.

Електрифициран погон

Новата генерација на Qashqai е достапна со целосно електрифициран опсег на мотори, а вклучени се два благи хибриди, како и иновативниот e-Power самополнечки фул-хибрид погон на компанијата.

Опсегот започнува со благиот хибриден систем на 1,3-литарскиот DiG-T турбо четирицилиндричен мотор. Овој погон е достапен со две нивоа на моќност од 138 и 156 КС и се нудат во комбинација со шестепен мануелец или Xtronic CVT автоматски менувач. Погонот на четири тркала е достапен само во комбинација со автоматскиот менувач и со помоќната верзија.

E-Power системот користи 1,5-литарски бензин со варијабилна компресија и моќност од 154 КС, заедно со електромотор со моќност од 187 КС.

Новиот Qashqai пристигнува и со најновата верзија на ProPilot возачките асистенции на компанијата. За повеќе информации посетете го продажниот салон на Nissan во Македонија или официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button