Новиот Peugeot 208 официјално промовиран во Македонија

Новата генерација на Peugeot 208 денеска и официјално ја доживеа својата промоција во нашата држава

Официјалниот застапник на Peugeot за Македонија, Еуроимпекс, денеска ја одржа промоцијата на новата генерација на Peugeot 208.

„’Unboring the future’ – новиот потпис со кој Peugeot го дава своето ветување дека иднината нема да биде здодевна. Со ова брендот алудира на тоа дека предизвикот е прифатен и модел по модел започнува да ги претставува возилата на иднината. Постојат одредени елементи кај новиот Peugeot 208, за кои е вредно да го добие вашето внимание. Ние сме подготвени да ги задоволиме барањата на најпребирливите клиенти. Јасно ја следиме нашата стратегија за репозиционирање на брендот неколку склалика повисоко, а со тоа смело предизвикуваме потенцијални клиенти од премиум круговите“, изјави Ивана Манчева Михајловска, Маркетинг директор.

Внатрешноста на 208 е можеби и најспектакуларната во сегментот. Внатрешноста е опремена со најновата генерација на Peugeot i-Cockpit 3D, која се карактеризира со конфигуративна инструмент табла со футуристички 3D холографски екран и 10-инчен HD екран на допир.

Новиот Peugeot 208 се базира на CMP платформата, а кога станува збор за дизајнот, очигледна е инспирацијата од моделите 508 и 3008, особено кога станува збор за каросериските форми и препознатливите LED дневни светла. Новата генерација на малото „лавче“ се карактеризира со спуштена каросерија и продолжен капак на моторот, како и впечатливите линии кои го истакнуваат спортскиот дух. Благодарение на поголемите димензии, Peugeot 208 има простран ентериер и поголем багажник.

Peugeot 208

zlatno trkalo finalist

На предната маска, доминираат светла во форма на лавовски заби. Предни светла, кои се земени од многу поголемиот брат Peugeot 508. Решетката од напред е голема и хромирана, со дизајн кој го надополнува енергичниот изглед на возилото. Со новите димензии поставен на новата модуларна CMP (Common Modular Platform), новиот 208 има и подобро однесување на патот и поголем конфор за патниците.

Внатрешноста на 208 е можеби и најспектакуларната во сегментот. Внатрешноста е опремена со најновата генерација на Peugeot i-Cockpit 3D, која се карактеризира со конфигуративна инструмент табла со футуристички 3D холографски екран и 10-инчен HD екран на допир.

„Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите. Воедно, новиот 208 е богато опремено возило, со најнови технолошки иновативни решенија кои досега можеа да се сретнат во моделите од повисоките сегменти, со одлични возни својства и беспрекорно држење на патот. Без разлика на полот и без разлика на возраста, новиот Peugeot 208 е наменет на сите“, изјави Томислав Нафидов, Директор на продажба.

Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите

Кога станува збор за бензиските PureTech мотори, се работи за трицилиндричните 1,2 литарски мотори, кои испорачуваат сила од 75, 100 и 130 КС. Во однос на менувачите, во понуда се достапни два мануелни менувачи, 5-то степен и 6-то степен, како и автоматскиот менувач со 8 брзини. Дизелскиот Bluе HDI четирицилиндичен 1,5 литарски мотор испорачува сила од 100 КС. Овој мотор е придвижуван од 6-то степен мануелен менувач.

Новиот Peugeot 208 се нуди во 4-ри новоа на опременост – Like, Active, Allure и GT Line.
Цената на моделот се движи од 12.990€ за бензискиот PureTech мотор со 75 КС, па се до 22.660€ за GT-Line изведба со бензиски PureTech агрегат со 130 КС и 8 степен автоматски менувач.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close