Новиот Seat Leon без камуфлажа непосредно пред промоцијата

Во јавноста се појавија фотографии од целосно откриениот Seat Leon од најновата генерација чија официјална премиера е закажана токму за денеска

Вечерва ќе имаме шанса да ја видиме премиерата на четвртата генерација на Seat Leon, но на ден пред официјалната премиера на социјалните мрежи се појавија фотки без никаква камуфлажа. Инстаграм профилот „CocheSpias“ на глобалната мрежа објави фотографии и од „братот“ на Volkswagen Golf.

Очигледно е дека фотографијата е снимена во внатрешноста на некој објект, а она што се гледа е најверојатно претпроизводниот прототип на Seat Leon од четвртата генерација. Иако не изгледа особено возбудлив на прв поглед, треба да се земе предвид дека ни квалитетот на фотографијата не е фантастичен. Покрај тоа, белата боја е прилично неблагодарна за опис на еден хечбек, кој исто така нема да има верзија со три врати.

 

Задниот дел го краси LED лента и куќишта кои имаат необичен изглед. По Tarraco, Leon е вториот модел на Seat кој го добива истиот третман. Cupra Formentor исто така поседуваше слично решение, но сепак тука станува збор за концепт. Кај новиот Leon забележително е и логото на моделот кое е изменето во однос на претходниците.

Стајлингот на Formentor е забележлив на новиот Leon, почнувајќи од предната маска и речиси идентичните фарови. Истото се однесува и на задниот дел, освен спортските детали, за кои најверојатно ќе се појават на Cupra Leon „хот хечот“.

Seat објавуваше тизери за новиот Leon пред премиерата на новата генерација која ќе се одржи денеска. Во декември беше објавено видео на кое се гледаа деталите на моделот, а неодамна го објави изгледот на задниот дел од автомобилот со нова фотка. Од Seat велат дека новиот автомобил ќе биде најголемиот чекор нанапред во историјата на овој модел, со значително подобрување во кабинската технологија и претставувањето на верзии со електрифициран погон.

Опсегот на мотори се очекува да стартува со добропознатиот 1,0-литарскиот TSI трицилиндричен бензински мотор, кој ќе нуди слични перформанси како досегашниот модел. Seat нема да го исфрли дизелот од својата понуда, но тука ќе биде еден од првите mild-hybrid бензински опции од VW групацијата за оние кои сакаат ниво на економичност слично како кај дизелите. Се очекува да го користи 48V систем во комбинација со 1,5-литарскиот TSI мотор како во Golf. Исто така ќе има и plug-in хибрид кој шпанската компанија веќе потврди дека ќе нуди автономност од 50 километри.

Seat Leon

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close