fbpx

Seat објави нов тизер, наскоро пристигнува новиот Leon

Новата генерација на Seat Leon официјалната премиера ќе ја има кон крајот на овој месец, а во меѓувреме Seat објави нов тизер од задниот дел на автомобилот

Откако го видовме Volkswagen Golf 8 и четвртата генерација на Škoda Octavia, сега на ред е Seat да ја претстави четвртата генерација на Leon, а за таа цел шпанската компанија објави тизер фотографија од изгледот на LED светлата од задниот дел на автомобилот кои се поврзуваат со осветлена линија како кај моделот Tarraco со тоа што кај SUV моделот истата се прекинува веднаш над логото на Seat.

Leon, како во случајот со Golf, ќе го има своето име испишано на централниот дел од вратата на багажникот и под логото на шпанската компанија.

Интересно, од Volkswagen групацијата порачуваат дека четвртата генерација на Leon ќе биде поголема од претходната во хечбек и караванска изведба, а тоа би требало да резултира со зголемување на просторот во внатрешноста за патниците и нивниот баг, ентериер со поквалитетни материјали, намалена потрошувачка и емисија на гасови, како и бројни системи за асистенција на возачот.

Сето тоа со нов инфозабавен систем со екран чувствителен на допир, head-up екран, како и дигитална инструмент табла и намален број на копчиња во ентериерот.

Премиерата е на 28 јануари

Понудата на мотори ќе биде позајмена од компактните модели од VW групацијата кои се базирани на MQB Evo платформата.

Кај бензинците се очекува 1,0-литарски TSI трицилиндричен мотор, потоа 1,5-литарски TSI и 2,0-литарски четирицилиндричен мотор. Кај дизел верзиите се очекуваат 2,0-литарски TDI во неколку варијанти. Треба да се напомене и дека некои мотори ќе бидат достапни во mild-hybrid верзии со 48V технологија. Во зависност од моторите, ќе се вградува и мануелен DSG менувач, а ќе биде достапен и погон на сите четири тркала.

Како што стојат работите, Cupra Leon најверојатно ќе добие ист погонски систем како и Cupra Formentor концептот, што подразбира бензинец и електромотор со вкупно 245 КС. Исто така, ќе биде возможно и возење само на електропогон кога возилот ќе може да прејде до 50 километри.

Постојат шанси да видиме и уште посилен Cupra Leon R модел со околу 300 КС и погон на сите четири тркала за караванската верзија.

Стандардниот Leon ќе ја доживее светската премиера на 28 јануари.

Leon

Поврзани вести

Back to top button