fbpx

Seat со тизер видео го најави целосно новиот Leon

Шпанскиот производител Seat со тизер видео ја најави премиерата за најновата генерација на Leon, која ќе биде претставена кон крајот на првиот месец од следната година

Seat објави официјално тизер видео со кое ја најавува промоцијата на новиот Leon, а од шпанската компанија веќе го најавија и датумот на претставувањето. Тоа ќе се случи на 28 јануари 2020. година. Во краткото видео можат да се забележат неколку претпознатливи линии на Leon. Предните светла се во целосно LED технологија, слични како оние на Seat Tarraco, а од шпанската компанија потврдија дека ќе биде достапна и „подинамична верзија“.

Seat во својата најава за новиот Leon се осврнува токму на технологијата на светлата, за која како што велат, го носи осветлувањето на едно сосема ново ниво и го нагласува ентериерот и екстериерот на нивниот бестселер.

Задните светла се протегаат низ целиот заден дел од автомобилот (или coast-to-coast како што го нарекуваат во Seat), најавени се и „лизгачки“ сигнали за насока, а сето тоа го истакнува дизајнот на автомобилот, како што посочија од шпанската компанија. Во видеото може да се забележи и дел од внатрешноста. Новиот Leon очекувано има сличности со неодамна претставената најнова генерација на Golf како и со редизајнираната Octavia. Заедно со црвената LED линија која се протега околу предниот дел на кабината, исто така може да се забележат виртуелните инструменти и инфозабавниот екран од новиот Golf.

Но, пред да се упатите на вашето патување, како што ќе се наближите до автомобилот, ќе ве пречека уникатно светло кое го проектира зборот „Hola!“ на подот кога ќе го активирате возилото, со што се нуди уште еден стилски елемент во новиот Leon.

Seat не потврди други детали, но јасно е дека Leon ќе има унапредена верзија на MQB платформата, употреба на mild-hybrid бензински мотори и почисти дизели кога ќе се појави во продажба идната година.

Поврзани вести

Back to top button