fbpx

Новиот SSangYong Rexton G4 пристигна во Македонија

Најновата, четврта генерација на Rexton G4 е првиот модел на корејскиот производител на премиум автомобили од SUV класата – SsangYong, кој пристигна во салонот на Аутомакедонија

Најновата, четврта генерација на Rexton G4 е првиот модел на корејскиот производител на премиум автомобили од SUV класата – SsangYong, кој пристигна во салонот на Аутомакедонија

Екипата на Авто Плус имаше можност да го посети новиот салон на Аутомакедонија во Кисела Вода во Кисела Вода, за кој се уште се очекува и официјалното отворање, и имавме шанса да го забележиме и најновиот, премиум SUV модел на SsangYong, Rexton 4.

Новата генерација на Rexton G4 е вистински знаменосец во палетата на Ssang Yong. Можевме лично да се увериме дека тоа е автомобил со одлични перформанси, врвен дизајн, перфекција во секој детал на изработката. Автомобил кој нуди максимална функционалност, удобност, комфор и престиж. Овој луксузен теренец со е вистински знаменосец во понудата на Ssang Yong со одлични, динамични линии, и препознатлива „оф-роуд“ ДНК која потекнува од традицијата на Ssang Yong.

Предницата е импресивна, со голема масивна маска, во чија средина е поставено логото на корејскиот специјалист за SUV автомобили. Предните светла се масивни и моќни, перфектно искомбинирани со долги дневни светла и светла за магла во LED технологија. Во задниот дел се поставени LED светла странично и на задната хауба, а на спојлерот е поставено впечатливо стоп светло, исто така во LED технологија.

Поставен на впечатливи 20-инчни алуминиумски тркала, новиот Rexton G4, го движи моќниот дизел агрегат со зафатнина од 2.157 кубни сантиметри со 181 КС, што ги задоволува строгите EURO VI норми. Може да биде опремен со шест степен мануелен или автоматски, седумстепен Е-tronic менувач.

Комерцијалните возила на Piaggio во Аутомакедонија

Исто така, при нашата посета имавме шанса да ја забележиме и новата палета на Piaggio комерцијалните возила кои се пристигнати во салонот на Аутомакедонија. Станува збор за функционални трицикли и модели на четири тркала со бруто маса до 3,5 тони на Piaggio кои ќе можат да се пронајдат во новиот салон во населбата Кисела Вода.

Piaggio

За повеќе информации обратете се во салонот на Аутомакедонија или посетете ја нивната веб страна www.automakedonija.com.mk.

Поврзани вести

Back to top button