Новиот SUV на Maserati ќе пристигне во 2021 година

Компанијата Maserati официјално го најави доаѓањето на новиот SUV во 2021 година, а претпроизводството ќе започне пред крајот на оваа година

Италијанскиот производител на автомобили Maserati потврди дека новиот SUV ќе се појави на пазарот во 2021 година, една година порано од очекуваното. Оваа информација е објавена со најавата за нова електрифицирана понуда.

Детали за новиот SUV на Maserati засега има навистина малку, но познато е дека Maserati ќе вложи 800 милиони евра во изградба на нова производна линија која ќе започне кон крајот на првиот квартал од годината. Концептот и продукциската верзија на моделот би можеле да го видиме наскоро ако Maserati планира да ги има првите претпродукциски модели до крајот на годината.

Тоа значи дека новиот SUV би можеле да видиме во мај, а Maserati претходно со тизери навести дека нешто би можело да се случи во текот на тој месец. Првично се претпоставуваше дека тие најави се за долго очекуваниот Alfieri, меѓутоа би можело да станува збор за било кој друг производ на италијанскиот бренд.

Кога станува збор за иднината на Maserati, плановите секогаш биле флуидни. Во 2018 година, италијанскиот производител имаше намера да ги замени застарените модели со нови, во исто време зголемувајќи ја понудата. Меѓутоа, една година подоцна, работите се променија, така што видовме освежувања, наместо темелни рестилизации, барем засега. Исто така, ова беше првиот увид во новиот SUV, предвиден за 2021 година, една година порано од она што првично се очекуваше.

Новиот SUV ќе биде позициониран под Levante. Лансирањето на модели со возвишен клиренс од комерцијален аспект би бил доста паметен потег за компанијата, бидејќи купувачите продолжуваат да покажуваат засилен интерес за кросовер моделите и им даваат предност во однос на седан и купе варијантите.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close