fbpx

Новиот VW Tiguan уловен на шпиунски фотографии

Tiguan стана еден од најпродаваните модели на Volkswagen, а со оглед на тоа германскиот гигант се подготвува за лансирање на освежената верзија од втората генерација

Првичниот VW Tiguan мина низ значителна рестилизација во 2011 година, со што се доби посебен дизајн на предните светла и браници во зависност дали е насочен за патиштата или теренско возење. Втората генерација на Tiguan веројатно ќе добие свои унапредувања кон крајот на годината, бидејќи коронавирусот стави рампа на продажба на нови автомобили во речиси целиот свет.

Сепак, прототипот е речиси во целост подготвен, така што може да се види каде ќе бидат забележани промените и подобрувањата. Примерокот кој беше уловен на шпионските фотографии е во R-Line пакетот, кој е врвен кога станува збор за Tiguan. Во ревизијата се вклучени нов, понизок браник, целосно преобликувана маска во стилот на актуелната Jetta и помалку кутиест дизајн на предните фарови.

VW Tiguan

Кога станува збор за задниот дел, тој открива лажни завршетоци на издувните цевки. Во естетска смисла, ова решение прави VW Tiguan да изгледа посиметрично, а и во согласност е со новата графика на задните светла. Volkswagen неодамна потврди дека ќе дебитира и plug-in хибридна верзија до крајот на годината, очигледно игнорирајќи го фактот дека слична варијанта е веќе развиена и е во понуда исклучиво во Кина. Очигледно е дека погонскиот систем ќе биде ист како кај другите модели од VW групацијата, што значи дека ќе го сочинуваат 1,4-литарски турбо мотор и електромотор, додека излезната моќност ќе се движи некаде меѓу 200 и 245 КС.

Поврзани вести

Back to top button