fbpx

Ново поскапување на цените на горивата во државава

Регулаторната Комисија за Енергетика се одлучи за ново поскапување на горивата, објавувајќи ги денеска новите цени кои ќе важат од полноќ

РКЕ во согласност со својата методологија за пресметување на цените, се одлучи за ново поскапување на горивата во нашата држава. Со оглед на тоа, од вечерва на полноќ горивата ќе се точат по нови цени, во просек зголемени за 8.50 проценти во однос на оние кои важеа минатата недела.

Според тоа, цената на Еуросупер БС-95 поскапува за 3.00 денари, цената за Еуросупер БС-98 се зголемува за 2.50 денари, исто како и Еуродизел.

Во согласност со тоа, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи за 57.50 денари по литар, Еуросупер ќе чини 59.50 денари за литар, додека Еуродизел ќе чини 49.50 денари за литар гориво.

Ова е трета недела по ред како што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати. Како што истакнуваат од Регулаторната комисија, причината за ова ново поскапување е фактот што цената на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување на цените.

Поврзани вести

Back to top button