fbpx

Ново поскапување на горивата

Трендот на поскапување на горивата во нашата земја не стивнува, а Регулаторната комисија за енергетика ги одреди најновите цени

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја. Согласно методологијата за одредување на цените на горивата во Македонија, од ноќеска на полноќ истите поскапуваат во просек за 1,91 процент во однос на минатата недела.

Со други зборови, ова значи дека цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ и во текот на следните седум дена ќе се зголемат за денар и половина кога станува збор за бензините, односно еден денар кога станува збор за дизелот.

Во согласност со ова, од ноќеска на полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе точиме за 71 денар, еден литар Еуросупер БС-98 ќе не чини 73 денари, а Еуродизелот ќе го плаќаме 63 денари за литар наточено гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа кај бензинот за 2,671 проценти, односно 1,433 проценти кај дизелот.

Поврзани вести

Back to top button