Новото лого на Nissan дебитираше заедно со Ariya

Nissan Ariya електричниот кросовер е мошне важен автомобил за јапонската компанија, доказ за тоа е и фактот што моделот беше избран за деби на новото лого на брендот

За прв пат во 20 години Nissan го освежи своето лого, со ново кое ги рефлектира „значителните промени во општеството во изминатите две децении“. Јапонскиот автомобилски производител исто така го опишува како „реосмислување на легендарното Nissan бренд лого за ново поглавје“.

Nissan лого

Новиот амблем на Nissan дебитира на новиот електричен автомобил во време кога брендот е насочен кон иднината, а притоа останува поврзан со своето наследство. Компаниското име останува во центарот на логото и отсега па натаму ќе биде осветлено на сите целосно електрични модели.

Како резултат, дебелината на надворешните линии на логото е зголемена со цел да се обезбеди свежа импресија кога свети. Очигледно, логото исто така мора да остави и силен впечаток кога не е осветлено, поради што има и дводимензионална импресија која го прави да изгледа повеќе дизајнерски отколку производствен. Според Nissan, „севкупниот ефент на редизајнот е транзиција од остриот, индустриски изглед кон прочистен, препознатлив и дигитален изглед“.

Логото исто така се вели дека е сигнал дека Nissаn не е само традиционален автомобилски производитле, туку исто така нуди мобилност и сервиси. Новото Nissan лого ќе се појави овој месец, како во дигитална, така и во физичка форма. Сите електрични возила на Nissan, почнувајќи со Ariya, ќе го содржат ова ексклузивно светлечко лого осветлено од 20 LED светла.

Новото лого ќе биде инкорпорирано преку медиумите, продажните салони и социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.

Поврзани вести

Back to top button