Обновената Opel Astra со француски мотори

За Opel Astra, во хечбек изведба, сепак ќе претстои детално реновирање

Иако, неодамна голем број медиуми истакнуваа дека обновувањето ќе биде само од козметички аспект, врз дизајнот, сега станува јасно дека машината ќе ја реновира и моторната гама. Како што најавуваат од Риселсхајм во план е на старата платформа од концернот GM, да бидат адаптирани мотори на концернот PSA – бензинскиот турбо 1.2 ќе го замени досегашниот трицилиндерски турбо 1.0 и дизелскиот 1.5 BlueHDi наместо 1.6 CDTI.

Прилагодувањето на француските мотори на германскиот модел, поставена од GM, пред РЅА да го преземе Opel, не е ни најмалку лесна задача.

Но, стручњаците веруваат ќе се добие сериозен профит од ефектот на далеку поголемиот обем на производство на мотори во рамките на францускиот концерн, а и во поголемиот потенцијал во зголемувањето на нивната чистота од досегашните на Германците.Се претпоставува дека Французите и понатаму ќе му помагаат на Opel во воведувањето на хибридни погонски системи, првично со т.н. „меки” варијанти со мал моторен генератор додадени на стандардните ICE.

Порадикални промени се очекуваат во Opel Astra од следната генерација, која ќе помине целосно врз француска технологија. Првата новина е нејзината платформа EMP2, едно од технолошките совршенства на концернот PSA, како и пакетот агрегати и погони.

Оваа генерација на Opel Astra се очекува на пазарот во периодот 2020-2022 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close