Од вечерва ново поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите малопродажни цени за горивата кои стапуваат на сила од вечерва на полноќ

РКЕ донесе одлука за ново поскапување на горивата во нашата држава, а новите цени кои ќе важат во текот на престојната недела ќе стапат на сила од вечерва.

Според новите одлуки, цените на горивата Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се зголемат за еден денар во однос на претходната недела, што значи поскапување во просек од 1,96 проценти, велат од РКЕ.

Со тоа, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи по 60,50 денари по литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, додека пак Еуродизел ќе се продава за 52 денари по литар.

Од Регулаторната комисија за енергетика својата најнова одлука ја оправдуваат со зголемувањето на референтните цени на сите нафтени деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,96%, истакнуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close