Официјално деби за BMW M5 CS

Баварскиот гигант BMW официјално го претстави перформансниот M5 CS модел за 2022 моделската година

Наречен „најбрзиот и најмоќниот продукциски BMW автомобил досега“, M5 CS се одликува со битурбо 4,4-литарски V8 мотори кој испорачува 636 КС и 750 Nm максимален вртежен момент. Моторот е споен со осумстепен автоматски менувач и има погон на сите четири тркала со поголем фокус на задната осовина. Оваа поставка му овозможува на најмоќниот автомобил кој некогаш ја носел M ознаката да спринта од нула до стотка за само 3 секунди, што е 0,2 секунди побрзо од M5 Competition. Максималната брзина на автомобилот изнесува 306 километри на час.

Кога станува збор за перформансите, M5 CS се карактеризира и со Active M диференцијал и селектирачки систем за погон на сите четири тркала исто како и стандардниот M5, што значи 4WD и 4WD Sport режими, како и режим за погон на две тркала. Инженерите направија и дополнителни промени на амортизерите и Dynamic Damper Control системот со цел да се искористи помалата тежина на CS.

BMW M5 CS е опремен со голем број на карбонски компоненти како хаубата, покривот, предниот сплитер, ретровизорите, дифузерот и задниот спојлер, а од компанијата отстранија и некои делови за дополнителна заштеда во тежината. Благодарение на овие промени, автомобилот тежи 104 килограми помалку од M5 Competition.

Не треба да се запостави ниту дизајнот на M5 CS, кој се карактеризира со бронзена обвивка околу решетката и соодветни 20-инчни тркала зад кои се наоѓа карбонскиот сопирачки систем со црвени или златни шапи. Автомобилот исто така е опремен и со вентилирачка хауба и LED предни светла инспирирани од тркачките модели со жолто осветлување. Сепак, палетата на бои е ограничена и ги вклучува стандардната Brands Hatch сива металик како и Frozen brands Hatch сива металик и Frozen Deep зелена металик.

M5 CS

Во внатрешноста се наоѓаат карбонските седишта со осветлени M5 логоа кои се обложени во црна Merino кожа и се карактеризираа со Mugello црвени акценти, црвени шевови и потпирачи за глава со испечатена мапа на Nurburgring Nordschleife.

M5 CS

Промените не застануваат тука, бидејќи моделот има и две индивидуални задни седишта и M Alcantara управувач со карбонски лопатки за менување брзини. Меѓу останатите карактеристики, тука се и минималистичката централна конзола, а внатрешната страна од покривот е обвиена во Alcantara. Дизајнерите одлучија да додадат и специјални патосници, како и осветлени M5 CS обележја на праговите.

M5 CS

Автомобилот пристигнува опремен со два 12,3-инчни екрани, четири-зонска автоматска клима и алуминиумски црн карбонски трим, како и Harman Kardon аудио систем.

Цената во Германија за BMW M5 CS ќе изнесува 180.400 евра.

Поврзани вести

Back to top button