fbpx

Официјално доделени наградите Златно Тркало 2022

Синоќа, традиционално во Рагуза 360, беа доделени статуетките кои се наменети за победниците на годинешното издание на Златно Тркало

Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, Златно Тркало, веќе прераснува во сериозна манифестација и традиција во автомобилскиот сектор во нашата земја. Третото издание на Златно Тркало официјално заврши со свеченото доделување на наградите за годинешните победници.

Победниците синоќа ги добија своите златни статуетки на настан кој повторно беше организиран на највисоко ниво, со голем број на гости и претставници на автомобилската индустрија во Македонија за чија забава беше задолжен диџеј Гоце САФ, а посебна убавина даде настапот на Полина Тасева, додека настанот го водеше познатиот водител Димитар Атанасовски.

Изборот и гласањето за третото издание на Златно Тркало заврши со прогласување на победниците и доделувањето на статуетките од страна на организаторите, редакциите на Авто Плус, Carclub, Cars by Vik и RPM. Наградите ги подигнаа претставниците на официјалните импортери и застапници на брендовите кои победија на третото по ред издание на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија.

Годинава се избираа најпосакуваните автомобили во пет категории, а како новитет беше категоријата за Најпосакуван Премиум Автомобил каде триумфираше Porsche Taycan Cross Turismo. Апсолутен победник е Volkswagen ID.4, електричниот кросовер кој славеше во категоријата за Најпосакуван Електрифициран Автомобил и ја освои Главната награда за Најпосакуван Автомобил во Македонија. Во категоријата Најпосакуван Градски Автомобил триумфираше Peugeot 308, а за Најпосакуван Семеен Автомобил е избрана новата генерација на Kia Sportage. На крајот беа собрани 12.216 уникатни гласања, распределени меѓу 14 различни учесници, а она што може да претставува задоволство е што интересот за нови и целосно електрични автомобили во нашата земја расте, заедно со трендот кој преовладува и во европските земји.

Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија и наградата Златно Тркало е нов и уникатен начин да се „почувствува“ пулсот и да се добие мислењето на луѓето и потенцијалните купувачи во нашата земја. Оваа манифестација е основана од страна на најуспешните онлајн медиуми во државата и претставува пристап за откривање на најпосакуваните возила во земјата. Основачот и главен уредник на Авто Плус – Г-дин Виктор Кошевалиски во својот говор го објави проширувањето со 4 нови медиуми: Убавина и Здравје.мк, МКД.мк, Бизнис Инфо.мк и Машки Магазин.мк со што од наредната година се проширува влијанието на Изборот на уште поголема публика, очекуваме и нови и интересни категории.

Воедно, беше најавено продолжувањето на Изборот за Автомобил на Годината во Македонија®, кој Авто Плус® го има основано во 1995 година, кој поради Корона кризата беше паузиран. Овој избор е според стручно жири кое од оваа година добива нов состав.
Наредната година, победниците и од стручното жири и од публиката, ќе бидат наградени во зеднички настан, секако организиран од Авто Плус®.

Редакцијата на Авто Плус во оваа прилика сака уште еднаш да им честита на победниците и да им се заблагодари на сите за учеството на Златно Тркало 2022.

Поврзани вести

Back to top button