fbpx

Opel Corsa-e добитник на наградата Golden Steering Wheel

Електричната Opel Corsa-e ја освои една од најважните награди во германската автомобилска индустрија Golden Steering Wheel

Со освоеното признание Golden Steering Wheel, електричната Opel Corsa-e ја продолжува победничката низа на новата Opel Corsa. Golden Steering Wheel претставува една од најважните награди во германската автомобилска индустрија, а Corsa-e сосема заслужено ги победи своите сериозни ривали и ја понесе наградата во категоријата на мали автомобили.

Најпродаваниот мал автомобил на германскиот пазар ги воодушеви експертите и читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag, како и клиентите кои се одлучија да ја купат целосно електричната верзија на новата Corsa.

Corsa-e

Добитниците на наградата Golden Steering Wheel мораа да минат две пречки на патот до наградата. Најпрво читателите на Auto Bild и Bild am Sonntag ги избраа своите тројца фаворити во секоја категорија, а потоа жирито составено од новинари, тркачки и експерти го тестираа секој од финалистите на тркачката патека Лаузицринг, притоа користејќи критериуми засновани на методот за тестирање на Auto Bild. Новата Opel Corsa-e освои вкупно 3.221 поен и со тоа ги остави зад себе Hyundai i20 на второто и Volkswagen e-Up на третото место кои освоија 140, односно 430 поени помалку.

Кога станува збор за самиот автомобил, Opel Corsa-e нуди автономија на движење од 337 километри според WLTP циклусот. Користејќи 100 kW DC, батеријата од 50 kWh може да се наполни до 80 проценти за само 30 минути. Електромоторот нуди моќност од 136 КС и 260 Nm. Од нула до „стотка“ стигнува за 8,1 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 150 километри на час.

Веќе во почетното ниво на опременост Opel Corsa-e пристигнува со автоматска контрола на клима-уредот, електрична паркинг сопирачка и стартување без клуч. Тука е и инфозабавниот систем со 7-инчен екран на допир во боја и дигиталниот кокпит.

Поврзани вести

Back to top button