fbpx

Opel Corsa-e, електричен автомобил за секого

Со шестата генерација, Opel за прв пат нуди електрична верзија на Corsa наречена Corsa-e чија цена на германскиот пазар изнесува 29.900 евра

Opel со новата Corsa уште повеќе ја доближува електричната мобилност кон луѓето. Со целосно новата шеста генерација на Corsa, Opel за прв пат во својата понуда има и електрична верзија со батерија која нуди автономија до 337 километри. Цената за новата Corsa-e е веќе одредена и може да се нарача за 29.900 евра во Германија, а онаму каде што има можности, цената може да биде намалена благодарение на стимулациите и субвенциите.

Новата Opel Corsa-e пристигнува и со завидно ниво на опрема. Corsa-e Selection се нуди со автоматска контрола на клима-уредот благодарение на далечински управувач, електрична сопирачка за паркирање и систем за стартување на возилото без клучеви. Тука е и мултимедија радио системот компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto со 7-инчен екран на допир во боја и дигитален кокпит. Opel Corsa-e пристигнува и со високо на ниво на опременост кога станува збор за безбедносните системи како што се предупредување за судир напред со автоматско сопирање при итни случаи и откривање на пешаци, активна помошна за движење во лента, препознавање на сообраќајни знаци и круз контрол, и сето без дополнителни трошоци. Нивото на опременост Elegance доаѓа со поголеми варијанти на опрема. Стандардната опрема кај Corsa-e Elegance вклучува LED предни светла, 16-инчни лесни алуминиумски тркала и кожен управувач. Новата генерација на Corsa дополнително нуди системи за безбедност кои се водечки во сегментот.

Opel Corsa-e

Импресивни перформанси и спецификации

Corsa-e нуди најсовремена електрична мобилност, а со својот опсег до 337 км според WLTP, Corsa-e со пет седишта е погодна за секојдневна употреба. Батеријата со капацитет од 50 kWh може да се полни до 80% за 30 минути. Corsa-e е подготвена за сите опции за полнење – преку нормален полнач, кабел за брзо полнење или кабел за приклучоци за домаќинства. Батеријата има осумгодишна гаранција, односно гарантира 160.000 километри.

Опсегот и автономијата на движење може да биде прилагодено од самиот возач, кој може да избере од трите режими на возење – Normal, Eco и Sport. Режимот Sport ја зголемува динамиката на возење, со умерен ефект врз опсегот на возење, додека во режимот Eco, Corsa-e има поголема ефикасност.

Благодарение на погонскиот систем, Corsa-e нуди возење без испуштање на штетни гасови. Mоќноста од 100kW (136 КС) и максималниот вртежен момент од 260 Nm, нудат агилност и динамично возење. На Corsa-e од нула до „стотка“ стигнува за само 8,1 секунда, додека за краток „спринт“ до 50 километри потребни се 2,8 секунди. Максималната брзина електронски ограничена на 150 километри на час.

Opel Corsa-e

Спортски дизајн

Corsa-e има динамичен погон благодарение и на својот спортски дизајн, притоа задржувајќи ги компактните надворешни димензии на претходните генерации. Со должина од 4,06 метри, Corsa останува агилна, практична и добро уреденo возило со пет седишта. Аеродинамички оптимизираните тркала дополнително го подобруваат изгледот, како и ефикасноста. Кровната покривка е во форма на купе и е 48 мм. пониска во однос на претходната генерација, без притоа патниците да имаат недостаток на простор за главите. Возачот во Corsa-e е поставен за 28 мм. пониско од претходно, а управувањето и динамиката на возење имаат корист од нискиот центар на гравитација. А заинтересираните купувачи можат дополнително да го надоградуваат ентериерот со кожни седишта.

Corsa-e користи топлинска пумпа за загревање и ладење на ентериерот. Топлинската пумпа е поефикасна од конвенционалниот систем HVAC, кој бара помалку енергија од батеријата, во корист на опсегот на возење.

Opel Corsa-e

 

Безбедноста на прво место

Технологиите и системите за помош кои најчесто се наоѓаат кај повисоките сегменти на пазарот сега дебитираат и пристигнуваат во Opel Corsa-e. Врвните карактеристики вклучуваат адаптивни IntelliLux LED® матрикс светла што Opel ги нуди за прв пат во сегментот на мали автомобили. Осумте LED елементи, контролирани од предната камера со висока резолуција од најновата генерација, континуирано го прилагодуваат светлосниот сноп на состојбата што преовладува во сообраќајот и околината. Corsa-e е опционално достапна и со особено ефикасни LED светилки кои заштедуваат повеќе од 80% од енергијата во споредба со халогените, без да се загрози силата на снопот на светлина.

Напредните системи за асистенција при возењето на возачот му обезбедуваат дополнителна безбедност. Благодарение на високо-технолошката предна камера, препознавањето на сообраќајни знаци открива широк спектар на информации, како што се LED знаците. Ограничувањата на брзината зачувани во системот се појавуваат на екранот.

Opel Corsa-e

Како опција со Corsa-e се нуди и радарски поддржаниот „круз контрол“ кој премиерно се појавува во новата Corsa. Во случај автомобилот ненамерно да ја напушти сообраќајната лентата, системот за за одржување на лентата применува нежно корективно управување. Системот исто така го задржува автомобилот во центарот на лентата за возење. Адаптивниот „круз контрол“ систем одржува одредено растојание до возилото кое се наоѓа напред, при што користи радар и сензори за камера. Системот нуди дополнителна функционалност „stop and go” сопирајќи го автомобилот во мирување и следење на возилото напред во метежот во сообраќајот. Како опција достапни се системот за помош за мртов агол и разновидна асистенција за паркирање.

Мултимедијални системи, услуги „OpelConnect“, апликација „myOpel“ и „Free2Move“

Новиот инфозабавен систем кој се состои од Multimedia Navi со 7,0-инчен екран на допир во боја, како и врвниот Multimedia Navi Pro со 10,0-инчен екран на допир во боја, им овозможуват на возачите и патниците да бидат целосно поврзани. Corsa-e ја нуди и новата услуга „OpelConnect“. Corsa-e пристигнува и со неколку нови функции, како што е Навигација во живо со информации за сообраќај во реално време, како и директна врска со помош од патот и eCall. „MyOpel“ апликацијата овозможува преку паметните телефони, со помош на е-далечински управувач, да се проверува состојбата на батеријата, да се постави време на полнење или да се програмира температурата на ентериерот пред тргнување. Апликацијата „Free2Move“ не само што дава преглед на достапните станици за јавно полнење и дополнителни информации, туку овозможува и плаќање.

Апликацијата „myOpel“ нуди и други опции, па така, возачите на електричната Corsa-e можат да заборават на стружење на мраз од стаклата во зима, додека при топло време може да се качат во удобно ладна кабина. Со други зборови, стационарното греење и климатизацијата се секогаш тука. „Charge My Car“ овозможува пристап до илјадници точки за полнење низ цела Европа преку апликацијата „Free2Move“. За да им биде полесно на клиентите да ја изберат вистинската точка за полнење, „Free2Move“ прави избор на предност врз основа на растојанието до точката на полнење, брзината на полнење и цената на полнење на можните опции за јавно полнење.

Opel Corsa-e

Според најавите на Opel, понудата „OpelConnect“ ќе се шири континуирано во наредните месеци.

За потсетување, Opel Corsa-e дебитираше на Меѓународниот автомобилски саем ИАА Франкфурт во 2019 година, а цената на германскиот пазар изнесува 29.900 евра.

Поврзани вести

Back to top button