fbpx

Opel ги претстави конвенционалните Mokka варијанти

По официјално претставување на електричната Mokka-e во јуни, Opel ги претстави варијантите со мотори на внатрешно согорување

Од стилска перспектива, конвенционалната Opel Mokka речиси е невозможно да се разликува со електричната Mokka-e, со тоа што единствената позначителна модификација е додавањето на издувни цевки и недостатокот на „е“ беџови.

Новата Mokka со бензински и дизел мотори го добива истиот Vizor преден дел и Pure Panel иструменталниот кластер. Но, Opel сепак има една новина, а тоа е GS Line „тримот“, кој нуди поспортска верзија на Mokka за прв пат досега.

Opel Mokka

На надворешноста, Opel Mokka RS Line се карактеризира со црвени елементи, сјајно црн Vizor, црни тркала, двобоен покрив и црни елементи на надворешноста. Во ентериерот, Mokka GS Line добива специфичен материјал за седиштата, црвени детали на инструменталната табла, како и црна прекривка на покривот. Кога станува збор за инфозабавниот систем, купувачите ќе можат да бираат меѓу Multimedia Radio и Multimedia Navi интерфејси со 7-инчен екран на допир, а на врвот на понудата е Multimedia Navi Pro со 10-инчен екран на допир со висока резолуција.

Opel Mokka

Два бензински и еден дизел мотор

Конвенционалната Mokka ја дели истата CMP платформа со Mokka-e, а купувачите ќе можат да избираат меѓу два бензински и еден дизел мотор. На почетокот од понудата е 1,2-литарскиот турбо трицилиндричен бензински мотор со 100 КС и 205 Nm максимален вртежен момент. Овој мотор пристигнува со шестстепен мануелен менувач. По него следува помоќната варијанта на 1,2-литарскиот мотор со 130 КС и 230 Nm вртежен момент во комбинација со стандарден шестстепен мануелец или осумстепен автоматски менувач.

Единствениот дизел мотор во понудата е 1,5-литарскиот четирицилиндричен мотор со 110 КС и 250 Nm максимален вртежен момент. Тој се нуди исклучиво со шестстепен мануелен менувач и е најекономичниот од трите мотори со потрошувачка од 3,8 литри на 100 километри и емисија на CO2 од 100 g/km.

Кога станува збор за технологијата, Opel во новата Mokka нуди иновации од повисоките класи. Тоа вклучува и напредна cruise контрола и системи за активно поставување во коловозните ленти, потоа IntelliLux LED Matrix предни светла, 180-степена панорама задна камера и автоматски паркинг асистент, меѓу останатото.

Поврзани вести

Back to top button