fbpx

Opel ја лансира Ultimate варијантата на Corsa

Германски Opel лансира нова Ultimate варијанта на својот субкомпактен хечбек Corsa во Европа која ќе се најде на врвот на понудата

Како што наведува и самото име, Opel Corsa Ultimate е модел со врвно ниво на опременост кое носи голем број на дополнителни премиум карактеристики како стандардни. Меѓу највпечатливите моменти се Intellilux LED Matrix предни светла, Multimedia Navi Pro инфозабавен систем, OpelConnect сервиси, луксузен Алкантара трим со црни прекривки за седиштата и автоматски клима-уред.

Врвниот Multimedia Navi Pro инфозабавен систем пристигнува со 10-инчен екран на допир во боја со Apple CarPlay и Android Auto компатибилност, како и гласовна контрола за аудио, телефон и навигација.

Во комбинација со стандардните OpelConnect сервиси, интерфејсот нуди попрактичен и подобар водич за рути. Како додаток, OpelConnect нуди и директна конекција со асистенција на патиштата и итни повици. Кога станува збор за удобноста, возачот и совозачот добиваат шестнасочни подесувачки, греени седишта, со електронско подесување за возачкото седиште кое нуди и масажерски функции. Управувачот обложен со кожа ќе нуди и греење, што ќе придонесе за попријатен амбиент во внатрешноста.

Corsa Ultimate

Кога станува збор за адаптивните Intellilux LED Matrix предни светла, за нив се верува дека ја зголемуваат безбедноста во темни услови благодарение на автоматското и континуирано адаптирање на светлосниот зрак во согласност со ситуацијата во сообраќајот и околностите. Сите Opel Corsa Ultimate модели се поставени на 17-инчни тркала од алуминиумска легура со двобоен финиш. Цените за овој модел започнуваат од 23.870 евра во Германија.

Како додаток на лансирањето на новата Opel Corsa Ultimate, германската компанија исто така ја унапреди и Corsa GS Line со истите 17-инчни тркала, спортски седишта и црвени акценти и стандарден црн покрив. Corsa GS Line е достапна од 20.855 евра.

Поврзани вести

Back to top button