fbpx

Opel објави детали за своето изменето лого

Голем број производители одлучија да го унапредат своето лого со цел да се истакнат во оваа нова дигитална и електрифицирана ера на автомобилите, меѓу нив и Opel

Opel е најновата германска компанија која започнува со унапредување на својот брендинг и корпоративен идентитет, претставувајќи го своето ново лого кое се одликува со посветла жолта боја и нов изглед. Бојата е наречена Neon Opel Yellow додека фонтот е наречен Opel Next.

Почнувајќи до првата половина на следната година, купувачите во Европа ќе имаат можноста да ги искусат овие нови елементи и новото лого со новите Opel Crossland и целосно новата Mokka. Ова ќе бидат првите продукциски автомобили кои ќе се одликуваат со редизајнираното лого.

„Ние имаме самодоверба, младешки ум и инклузива. Во оваа нова ера Opel зема инспирација од прогресивната, „cold to cool“ модерна германска култура и го обновува храброто, чистото и современото. Ова е експресијата на нашиот нов бренд идентитет и целосно ја претставува нашата возбудлива нова продукциска постава“, вели извршниот маркетинг директор на Opel, Ксавиер Душемин.

Кругот е потенок од претходно, додека типографијата е помодерна и почиста. Во меѓувреме, новата Opel Yellow боја има за цел да ја симболизира електрфикацијата – што има смисла со оглед на фактот дека електричната енергија го зазема приматот во автомобилската индустрија.

„Новата ера има потреба од модерни брендови и модерните брендови имаат потреба од чист дизајн. Со новите бренд елементи, ние ја истакнуваме нашата цел да бидеме карактеристични, прогресивни, отворени за новото и отворени за иднината“, објасни глобалниот маркетинг шеф на Opel, Патрик Фурниол.

Поврзани вести

Back to top button