Opel објави тизер видео пред премиерата на новата Mokka
Opel објави официјално тизер видео за новата генерација на својот SUV Mokka кој ќе ја доживее својата премиера на 24 јуни
Opel веќе подолго време води тизер кампања за нoвата генерација на Mokka, но сето тоа се наближува кон својот крај. Моделот ќе се најде во продажба кон почетокот на идната година, а во меѓувреме Opel објави нов тизер. Во новото видео на кратко може да се забележат силуетата на новата Mokka како и задните светла во форма на буквата L. Во видеото исто така се прикажуваат предните светла и решетката кои се интегрирани во единечен панел кој се протега на целата предница на автомобилот.
Ваквиот дизајн на предницата од Opel го нарекоа Opel Vizor, поради својата сличност со визирот на тркачките шлемови. Германската компанија потврди дека сите нови модели на брендот во иднина ќе го користат истиот дизајнерски јазик. Opel Vizor за прв пат се појави во 2018 година на GT X Experimental концептот, а германската компанија претходно објави цртеж од изгледот на предницата на Mokka со кој го најави овој елемент кај новата генерација на својот SUV.
Opel Mokka е поставена на CMP платформата на PSA. Благодарение на истата, новата Mokka ќе се нуди во електрична варијанта, но и со конвенционални мотори со внатрешно согорување. Засега нема официјални информации за тоа како ќе се напојува електричната Mokka. Единствениот целосно електричен автомобил во портфолиото на Opel досега е Corsa. Малиот градски автомобил чија 50 kWh батерија испорачува автономија од 330 километри, додека електромоторот развива 136 КС и 260 Nm вртежен момент. Како и да е, повеќе информации се очекуваат наскоро. Можеби веќе утре (24 јуни) на официјалната премиера на новата генерација на овој SUV на Opel.
Извршниот директор на германската компанија, Михаел Лохшелер, истканува дека и покрај тоа што на неговата комапнија фокусот е насочен кон новата Corsa, целта за 2021 година е исклучиво Mokka.
„Одговорен сум за Opel три години. За ова време вложивме многу работа и уште повеќе пасија во развојот на новата Mokka. Со новата генерација на Mokka ние всушност го реосмислуваме Opel. Не можам да дочекам да го видам нашиот новитет на улиците“, изјави извршниот директор на Opel.