Opel со нов тизер за Mokka го најави новиот лик на брендот

Германскиот производител Opel продолжува со својата тизер камапања за престојниот кросовер Mokka, а сега во фокусот е новата предница на моделот

Минатата недела Opel објави преглед на внатрешноста и целосно дигиталната инструментална табла, а сега е објавен цртеж кој го најавува предниот изглед на моделот, кој е инспириран од GT X Experimental концептот од 2018 година. Главната карактеристика на новата Opel Mokka e Opel Vizor кој се протега преку предниот дел, интегрирајќи ги предните фасцијални елементи. Vizor е важен елемент не само за следната генерација на Mokka, туку и општо за компанијата Opel, со оглед на тоа дека ќе го користат сите идни модели на германската компанија.

Инспириран од заштитниот визир на заштитните тркачки шлемови, дизајнерскиот елемент ги интегрира решетката од ладилникот, предните светла и логото на брендот во еден единечен модул. Opel Vizor исто така ја влече својата инспирација од првата генерација на Opel Mantra, со тоа што дизајнерите ја реиструираа решетката на Mantra со двојни модули на црна површина, врамени во тенка хромирана лента.

Opel Mokka

Кога станува збор за предните светла, новата Mokka ќе има стандардни LED светла или опционални IntelliLux LED matrix светла – двете со графика во форма на крила за интегрираните LED дневни светла.

Mokka е најава за идната дизајнерска насока на Opel

„Беше исклучително важно за нас да креираме ново лице за брендот кое е соодветно за нашата идна дизајнерска филозофија да биде смела и чиста. Нашиот нов Vizor кој ќе го забележи своето деби во следната генерација на Mokka e мошне јасен и карактеристичен, додека останува доследен на своите германски корени за тоа дека формата ја следи функцијата“, изјави главниот дизајнер на Opel, Марк Адамс.

Новиот дизајн беспрекорно ќе одговара на целосно електричната Mokka-e, на која не и е потребна конвенционалната решетка на предницата. Целосно електричната Mokka-e ќе биде првата верзија од новата генерација на моделот која ќе пристигне на почетокот од 2021 година, по што ќе пристигнат бензинската и дизел варијантата.

Сите тие ќе бидат базирани на CMP (EMP1) архитектурата која овозможува новата Opel Mokka да биде 120 килограми полесна во однос на својот претходник. Целосно електричната Mokka-e се очекува да го користи истиот погон како и Opel Corsa-e и DS 3 Crossback E-Tense. Двата модели имаат електричен мотор со 136 КС напојуван од 50 kWh батерија со што се овозможува автономија од 330 километри со едно полнење.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close