Opel ja оживеа Corsa GSi

Opel ја покажа спортската верзија на GSi од својот модел Corsa, кој е најпродавано остварување од марката во изминатата година

За последен пат Opel ја понуди Corsa GSi во 2007 година.

Corsa GSi е создаден на шасијата на најмоќната верзија-OPC и доби спортска суспензија со нови поставувања. Сеуште од компанијата не ги објавиле техничките податоци автомобилот, но според весникот Motor-Talk, хотхечот е управуван од 1.4-литарски 4-цилиндесрски бензински турбо мотор со 150 коњски сили и 220 Nm. Моторот е во спрега со 6-брзински мануелен менувач.

Максималната брзина на GSi е 207 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h изнесува 8,6 секунди. Во листата на опремата влегува заден спојлер за задниот раб на покривот, спортски седишта Recaro, алуминиумски педали, 18-инчни фелни од лесна легура и мултимедијален систем кој поддржува Apple CarPlay и Android Auto.

Corsa GSi

Corsa GSi дебитира како дел од првата генерација на моделот во 1987 година со 1.6-литарски атмосферски мотор со моќност од 101 КС. Во 2001 година доби 1.8-литарски мотор со 125 КС, а последната генерација на верзијата беше презентирана во 2007 година на салонот во Барселона. Потоа, Corsa GSi дојде на пазарот со 1.6-литарски мотор со 160 коњски сили и 210 Nm вртежен момент.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close