fbpx

Опсегот на новата Corsa се прошири со GS Line

Опишана како „најспортската нова Corsa“, Corsa GS Line е опремена со најмоќниот мотор достапен во составот

Под името Corsa GS Line, Opel ја нарече најспортската Corsa достапна во опсегот, при што ја опреми со 1,2 литарскиот три-цилиндарски бензински агрегат, понуден исклучиво со осум-степен автоматски менувач кој ги придвижува предните тркала.

Со ваквата конфигурација, суперминито располага со моќност од 128 коњски сили и вртежен момент од 230 Nm, кои му овозможуваат спринт до 100 km/h за 8,7 секунди, пред достигнувајќи ја максималната брзина од 208 km/h. Покрај ова, Opel вели дека стандардниот Sport режим обезбедува уште подинамично управување и реакција на моторот. Оценките за економичноста на горивото не се лоши, со комбинирана потрошувачка според WLTP од 5,6 l/100 km и CO2 емисија од 128 g/km.

Во Германија, Corsa GS Line започнува од 19.880 евра, со што добивате дво-тонска надворешност, црн покрив, црни капаци од ретровизорите, поспортски браници, хромирани издувни цевки, затемнети предни и задни светлосни уреди и алуминиумски фелни во две бои.

Што се однесува во внатрешноста, присутни се спортски седишта со црвен шив, црвени акценти по управувачката табла, кожен мултифункционален управувач, алуминиумски педали и друго.

Поврзани вести

Back to top button