fbpx

Викенд тарифа: Oригиналниот модел во рекламата за новиот Golf GTI

Неколку дена по светската премиера на осмата генерација на Golf GTI, Volkswagen го објави првиот рекламен спот за овој модел

Првата реклама за новата генерација на перформансниот модел на Golf претставуваше шанса за вљубениците во Golf GTI да се присетат на оригиналниот модел од 1976 година. Иако за денешни прилики оригиналниот модел имаше скромни 110 КС и располагаше со 140 Nm максимален вртежен момент, овој автомобил од само 810 килограми во тоа време претставуваше вистински спортски автомобил. Од нула до „стотка“ забрзуваше за 9,2 секунди и развиваше максимални 182 километри на час.

Од друга страна, новиот Golf GTI ги отсликува најсовремените технолошки достигнувања на компанијата од Волфсбург. Опремен со 2,0-литарски турбо-бензинец кој испорачува 245 КС и 370 Nm максимален вртежен момент, а податоците за перформансите допрва треба да бидат обелоденети.

Поврзани вести

Back to top button