fbpx

Освежениот Renault Kadjar пристигна во Македонија

По својата глобална премиера на саемот во Париз, редизајнираната изведба на францускиот SUV пристигна во салонот во Скопје

Поттикнат од одличната продажба, францускиот бренд го освежи својот компактен SUV, а промените освен по надворешноста и внатрешноста, значително се изразени и во моторниот простор. Новиот Renault Kadjar беше официјално претставен на саемот во Париз изминатата година, а за прв пат имавме прилика да седнеме позади неговиот управувач на локалната презентација во соседната Србија.

Неделава, тој пристигна во салонот на Аутомотив Груп, со што конечно станува достапен и за македонскиот пазар.

Renault Kadjar

Изложениот модел доаѓа со Limited ниво на опременост, кое ги вклучува новите LED дневни светла во C-облик, хромирани завршетоци по надворешноста и новите 17-инчни алуминиумски фелни. Возачката кабина е опремена исто така со новиот 7-инчен мултимедијален екран на допир подржан од R-Link 2 интерфејсот, со функција за поврзување на Android Auto и Apple Car Play. Тука се и регулаторот и ограничувачот на брзина, Stop&Start системот, LDW системот за предупредување при промена на лента, како и „Renault Hands free“ – клуч картичката.

Под капакот на овој Kadjar се наоѓа 1,3 литарската Tce бензинска единица, која испорачува моќност од 140 КС и 240 Nm и е во согласност со Euro6Dt стандардите. Моторот е придружуван од шест-степен мануелен менувач.

За подетални информации може да се обратите во салонот на Аутомотив Груп во Скопје, или да ја посетите нивната веб страна https://www.renault.mk/ .

Поврзани вести

Back to top button