fbpx

Освежениот Škoda Superb во салоните и кај нас

Врвниот модел на Škoda за прв пат е достапен како Superb SCOUT, а до крајот на годината ќе биде воведен и хибриден SUPERB iV

Три и пол години по лансирањето на третата генерација, носителот на чешкиот бренд е сеопфатно освежен и модернизиран. Уште повеќе, врвниот модел на ŠKODA за прв пат е достапен како SUPERB SCOUT, а до крајот на годината ќе биде воведен и хибриден SUPERB iV. Технолошкиот напредок, како што се LED предните светла со матрица и уште поширок спектар на иновативни системи за помош, го прават ŠKODA SUPERB еден од најбезбедните и најудобните автомобили во својот сегмент. Во однос на просторноста, тој останува неоспорен репер за автомобилите во класата.

ŠKODA дополнително и SUPERB COMBI(караван), ажурирајќи го својот предводник со нови технологии и уште пософистициран ентериер. Пролетва, третата генерација SUPERB, која беше воведена во 2015 година, ја надмина бројката на произведени 500.000 единици. Учеството на караванската верзија е околу 54% продадени во Европа.

Skoda Superb

Целосните LED Matrix светла за прв пат се достапни во понудата кај SUPERB. Опционалните LED задни светла сега вклучуваат и динамични индикатори. Новите системи за помош, како што се Адаптивниот Темпомат и системот за Странична Помош – која работи на оддалеченост од 70 метри – го зголемуваат високото ниво на безбедност на семејството SUPERB уште повеќе. Помошта при итни случаеви, системот за следење на коловозна лента и „Front Assist“ системот за итно сопирање со предвидлива заштита на пешаците, исто така, се нови технологии во понудата.

Следејќи ги стапките на оригиналниот SUPERB, кој беше произведен помеѓу 1934 и 1949 година, ерата на современиот SUPERB започна во 2001 година и продолжи до 2008 година со својата втора генерација. Третата генерација го имаше своето деби во 2015 година; ŠKODA достигна до продажба на еден милион возила SUPERB, произведени ширум светот, во април 2017 година.

Skoda Superb

Кај нас обновениот SUPERB пристигнува и со нови пакети на цени, почнувајќи со цена за Ambition ниво на опременост, моторизација доверена на 2.0 TSI / 190 КС – EU6 со DSG7 менувач и цена од 30.900 €. Менувачот и луксузната опременот доминира во сите пакети, а првиот дизел агрегат опремен со DSG7 и 2.0 TDi / 190 КС има цена од 32.580 евра за Ambition опременост.

Повеќе инфо во Порше Македонија.

Поврзани вести

Back to top button