fbpx

Škoda ја претстави Scout изведбата на Superb

По стариот Superb Outdoor од минатата генерација, Škoda уште еднаш покажува модел подготвен за секаков вид на патишта со својот модел предводник

Škoda претстави модел кој ги има гените за off-road авантури од Kodiaq, но сепак не е SUV. Овој модел има сериозна доработка од комби верзијата, а клучно е тоа што во стандардната верзија ќе има погон на сите тркала. Настрана од пластиките кои се користат кај ваквиот тип на возила, па дури и кај сличниот Volkswagen Passat, кај Superb Scout висината од земја е зголемена за цели 15 mm.

Кај новитетот, компанијата отишла чекор понапред со тоа што е воведен модот off-road, за оние кои сакаат да пропатуваат низ некои нерамнини. За разлика од комби верзијата, Superb Scout е со 18 инчни тркала, достапни се и опционалните 19-ки, а карактеристично за овој модел е и Tangerine Orange бојата.

Superb Scout

 

Во внатрешноста, новиот Superb Scout има минимални промени. Освен елементите од дрво, на повеќе места може да се сретна и Scout логото, како и специфичната ткаенина која е користена за седиштата. Со доплата, клиентите ќе можат да одберат и ентериер во комбинација на кожа и алкантара.

Приклучувајќи се на Scout семејството, Superb ќе биде достапен на пазарот само со најсилните мотори на групацијата, односно 2,0 TSI и 2,0 TDI агрегатите. Бензинскиот е со моќност од 272 коњски сили и 350 Nm вртежен момент, додека кај дизелскиот погон моќта е ограничена на 190 КС и 400 Nm. И кај двете верзии, достапен е исклучиво седум степениот DSG автомсарски менувач.

Оваа верзија на Superb, ќе почне со продажба во текот на оваа година, заедно со седан изведбата, додека plug-in хибридот е закажан за почетокот на 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button