fbpx

Освежените Ibiza и Arona се подготвуваат за својата премиера

Seat ги објави првите тизери за рестилизираните Ibiza и Arona модели од својата постава, чија премиера ќе се одржи наскоро

Во пресрет на премиерата која треба да се одржи на 15 април, Seat ги објави првите тизери од освежените Ibiza и Arona. Двата модели ќе добијат нов преден дел со кој ќе се приближат до поновите автомобили на шпанскиот бренд како што е Leon, а исто така ветуваат дека ќе претстават „револуција во ентериерот“.

Ова веројатно значи дека Ibiza и Arona ќе добијат нов инфозабавен систем со поголем екран на допир, заедно со нов дизајн на контролната табла. Исто така се очекува и воведување на дигитален инструмент кластер. Од фотографиите кои ги сподели Seat може да се забележи третманот кој го добива Arona на предниот дел, а тука е новиот браник со „теренски“ изглед, како и кружните магленки поставени под фаровите. Малиот SUV ќе се одликува со поробусен дизајн на екстериерот понагласен „оф-роуд“ карактер.

Покрај ова, Ibiza и Arona исто така ќе ги добијат и своите имиња на задниот дел од автомобилот, поставени на централниот дел веднаш под логото. Овој „ракописен фонт“ досега беше искористен од страна на Seat кај новиот Leon и кај Ateca моделите, па оттаму е и логично што шпанскиот бренд се одлучи за ист чекор и овојпат.

„Seat Ibiza е еден од темелите на успехот на брендот, со речиси шест милиони возила продадени низ пет генерации, додека Arona е столбот во опсегот, со оглед на тоа дека беше вториот најпродаван модел на Seat минатата година. Унапредувањата и фејслифтот на двата модели им носи на возилата неверојатни атрибути, како и покомплетна понуда при освежувањето на дизајнот“, изјави Вејн Грифитс, првиот човек на Seat и Cupra.

Поврзани вести

Back to top button