fbpx

Откажан и Салонот за автомобили во Детроит

Меѓународниот Салон за автомобили во Детроит за 2020 година е откажан поради пандемијата на коронавирусот која зема се поголем замав во САД

Детроит во последните години можеби не беше познат по добро низ медиумите, најмногу поради банкротот со кој се соочи градот откако голем број производители одлучија да ги преселат своите фабрики на други места. Но, и покрај тоа, Детроит отана домаќин на една од најголемите и најпознатите автомобилски манифестации.

Оваа година Северноамериканскиот меѓународен салон за автомобили, како што е официјалното име на настанот, нема да се одржи поради епидемијата на коронавирусот, а локацијата на која требаше да се одржи Саемот, ќе биде искористена за некои поважни проблеми.

Уште претходно беше одлучено дека Салонот за автомобили ќе се одржи од 6 до 20 јуни, наместо традиционалниот термин во јануари поради се поголемата конкуренција во тој термин. Тоа пред се се однесува на собирите во Чикаго и Њујорк, но и странските ривалски автомобилски собири. На крајот се испостави дека ова беше најлошата можна одлука за промена на терминот за одржувањето на Салонот во Детроит, особено ако на тоа се додаде и фактот дека Чикога се одржа во февруари, а Њујорк е одложен за на есен.

Така, Детроит ја доживеа судбината на Женева. Планот е саемот да се врати следната година во јули. Непознато е кои нови модели требаше да го доживеат своето деби во Детроит, но се очекуваше премиерата на долго најавуваниот теренец на Ford, моделот Bronco.

Од друга страна, локацијата каде што требаше да се одржи Салонот е претворена во привремена болница и поради тоа оваа година нема да има изложби на автомобили, а спонзорите и учесниците се навремено известени.

„Здравјето на граѓаните на Детроит, но и Мичиген е поважно од било што, а TCF Centеr беше идеална локација за привремена болница во ова тешко време“, наведе директорот Род Албертс.

Поврзани вести

Back to top button