fbpx

Откриени седумте финалисти за Автомобил на годината

Електричните автомобили доминираат на потесната листа за престижната награда Европски Автомобил на годината за 2022 година

Борбата за титулата Европски Автомобил на годината полека се наближува кон својот крај, специјалното жири наскоро треба да ја донесе својата одлука, односно се влегува во последната фаза пред да се избере конечниот победник меѓу конкурентите.

Организаторите и жирито на Европски Автомобил на годината (COTY) ја објавија листата на седум финалисти кои ќе бијат битка за престижната награда во светот на автомобилите. На скратената листа доминираат електричните автомобили, а честа на моторите со внатрешно согорување ќе ја брани само еден модел, што е уште еден доказ за трансформацијата во електромобилноста.

Наградата ќе биде доделена на 28 февруари, а за наградата ќе се борат електричните автомобили Cupra Born, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6, Renault Megane e-Tech Electric и Škoda Enyaq, додека на конвенционалните модели со мотор на внатрешно согорување честа ќе ја брани новиот Peugeot 308.

Оваа листа на финалисти е оформена преку номинацијата на 61 автомобилски новинар од 23 европски земји. Следната фаза е на почетокот од 2022 година кога кандидатите ќе минат низ серија на тестови, по што победникот ќе биде одлучен кога секој член на жирито од Автомобил на годината ќе подели 25 бода меѓу седумте автомобили, а оној кој ќе успее да собере најмногу поени на крајот, ќе ја понесе ласкавата титула.

Актуелен освојувач на оваа награда е Toyota Yaris, додека Peugeot 208/е-208 победи година претходно. Наградата за Aвтомобил на годината традиционално се доделува за време на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева.

Поврзани вести

Back to top button