fbpx

Ова е новата Opel Corsa

Петтата генерација на моделот ја дели платформата со Peugeot 208 и за прв пат во својата историја ќе добие целосно електрична верзија

Први официјални фотографии на новата Opel Corsa пвотекоа на интернет просторот. Автомобилот, чија официјална премиера ќе се одржи наскоро, е изграден на платформата CMP (Common Modular Platform). Ова шасија е развој на PSA Peugeot Citroen и e во основата на Peugeot 208. Новата архитектуа овозможува на автомобилот да „ослабе“ 108 kg и така да биде најлесната Corsa во историјата која тежи под 1 тон.

Според информациите до моментов, прво на пазарот ќе стапне електричната eCorsa која ќе има километража од 340 километри со едно полнење на батериите. По неа ќе се појават модификациите со бензински и дизел мотори. Во опремата на моделот ќе влезат матрични LED светла IntelliLux кои веќе се ставени на Astra и Insignia.

Продажбата на новaта Opel Corsa во Европа ќе стартуваат во текот на летото, а првите испораки до крајните клиенти се планирани на есен.

Поврзани вести

Back to top button