Пекинг 2020: Lamborghini со нов специјален пакет за Urus
Lamborghini го претстави новиот Graphite Capsulе дизајнерски пакет за својот SUV Urus на Салонот во Пекинг, нудејќи стилски унапредувања во однос на стандардниот модел
Lamborghini Urus Graphite Capsule е новиот дизајнерски пакет на италијанската компанија подготвен за својот перформансен SUV, а на купувачите ќе им понуди стилски унапредувања на екстериерот и ентериерот. Пакетот ќе може да се добие во една од четирите нови мат бои за екстериерот – Bianco Monocerus, Nero Noctus, Grigio Nimbus и Grigio Keres. Без оглед на бојата на каросеријата, долните делови на автомобилот ќе бидат финиширани во мат боја.
Како додаток за блескавиот изглед на автомобилот се задолжени четирите сјајни акцентни бои – Arancio Leonis, Arancio Dryope, Giallo Taurus и Verde Scandal. Овие бои ги истакнуваат каркатеристичните линии на Urus на предниот сплитер, вратите, задниот спојлер и специјалните 23-инчни Taigete тркала. На задната страна, издувниот систем се одликува со нов, црн хромиран финиш.
Graphite Capsule третманот за Urus продолжува и во внатрешноста со црн, анодизиран алуминиумски трим на контролната табла и панелите од вратите, нови мат карбонски инсерти и акцентни бои на централниот тунел, инсерти на седиштата, Q-Citura шевови и извезено Lamborghini лого на потпирачот за глава. Исто како и неодамна лансираниот Pearl Capsule пакет, така и Graphite Capsule ги нуди опционалните вентилирачки Алкантара седишта.
„Неразделивиот дизајн на Lamborghini Urus, со ДНК-та на нашето супер спортско наследство, доведува до виртуално безграничен потенцијал за персонализација. Urus Graphite Capsule е најновата колекција која ја нудиме за нашите клиентели овозможувајќи им да стават печат на својата индивидуалност и начин на живот преку нивниот Lamborghini“, изјави комерцијалниот шеф на компанијата, Џовани Перозино.
Urus Graphite Capsule е достапен за 2021 моделската година за SUV моделот на Lamborghini со цена од 186.134 евра.