fbpx

Пекинг 2020: Виртуелна тура низ штандот на Porsche

Автомобилските салони засега остануваат само сон за Европа и Северна Америка, но во Азија, односно Кина, Салонот во Пекинг е во полн ек

Салонот во Пекинг е шанса за голем број производители да ги претстават своите новитети, но и да одржат светска премиера за своите нови модели. Интересно, најголемиот дел се електрични автомобили. Porsche е еден од оние брендови кои се најзастапени на настанот во најнаселената земја на светот.

За нас кои не живееме во Кина и за кои патот до таму е практично невозможен во овие услови, а сепак сакаме да видиме што има да понуди германскиот гигант на својот штанд во Пекинг, Porsche лансираше специјален вебсајт (кликни ТУКА), кој ви овозможува да го истражувате нивниот штанд низ виртуелниот свет. Вебсајтот функционира и на персонален компјутер, но и на сите паметни телефони, а искуството е мошне реалистично.

На „излогот“ се постравени Porsche 718 Cayman, Cayenne E-Hybrid Coupe, Panamera Turbo S, Taycan Turbo S, Panamera 4S E-Hybrid, и 911 Targa 4. Не само што ќе можете да шетате низ штандот во виртуелниот свет, туку ќе можете да кликнете на секој од автомобилите кои се изложени и да ги погледнете одблиску. На вебсајтот исто така се наоѓаат и клучните технички спецификации за секој модел.

„За компаниите како Porsche конкретно, не постои замена за искусување на еден производ во живо – без оглед на тоа дали станува збор за возење на автомобил или да се погледне на автомобилска манифестација. Сепак, можностите за таков директен контакт се сѐ уште лимитирани во голем број региони во светот. Со виртуелниот изложбен штанд, ние креиравме нов начин за искусување на брендот преку користење на мобилни уреди – без оглед дали сте во Пекинг или илјадници километри далеку“, изјави директорот за експериментален маркетинг во Porsche, Рагнар Шулте.

Поврзани вести

Back to top button